Турција

Турска Анталија, најпосакувана дестинација за одмор на британските туристи

Британскиот амбасадор во Турција истакна дека Анталија, која се очекува да биде домаќин на рекордни 16 милиони туристи, нуди широка палета можности за посетителите

Gözde Bayar  | 17.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Турска Анталија, најпосакувана дестинација за одмор на британските туристи

АНТАЛИЈА (АА) - „Турскиот медитерански туристички град Анталија е популарен меѓу британските туристи“, истакна британскиот амбасадор во Анкара, Доминик Чилкот, јавува Аnadolu Agency (AA).

„Минатата година имаше пораст на британските туристи од 70 отсто“, изјави Чилкот за време на состанокот со градоначалникот на Анталија, Мухинтин Боџек.

Чилкот додаде дека Анталија, која се очекува да биде домаќин на рекордни 16 милиони туристи, нуди широка палета можности за посетителите.

Градоначалниот на Анталија, пак, истакна дека 60 отсто од туристите во Турција ја избираат Анталија, која може преку ноќ да прими околу 700.000 туристи.

Амбасадорот, исто така, оствари средба и со гувернерот на Анталија, Мунир Каралоглу, со цел размена на мислења во полето на туризмот.

Каралоглу соопшти дека од почетокот на оваа година има пораст од 48 отсто на британските туристи кои ја посетуваат Анталија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.