Sarp Özer
06 Октомври 2023•Ажурирај: 07 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека се неутрализирани 26 терористи како одговор на нападот на терористичката организација ПКК/ЈПГ врз базата Дабик во северниот дел на Сирија, во зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Анадолу.
Турското Министерство информираше дека терористите синоќа го нападнале подрачјето на базата Дабик во зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Во соопштението се наведува дека турските војници силно возвратиле на терористичкиот напад, неутрализирајќи 26 терористи на ПКК/ЈПГ во возвратните акции врз терористичките цели во регионот.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК што дејствува во Сирија.