Kemal Karadağ
29 Јули 2022•Ажурирај: 30 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Туркије (Турција) беше домаќин на 16.385.080 странски посетители во првите шест месеци од 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на турското Министерството за култура и туризам, во првите шест месеци од годинава Туркије ја посетиле вкупно 16.385.080 странски посетители, со што нивниот број во однос на истиот период од претходната година се зголемил за 185,72 отсто.
Најмногу странски посетители во Туркије, според статистичките податоци, доаѓаат од Германија. Во периодот јануари - јуни 2022 година од Германија во Туркије дојдени се 2.030.548 гости со пораст од 293,21 отсто во однос на истиот период од 2021 година.
На второ место е Русија со 1.455.912 посетители со пораст од 94,97 отсто во однос на истиот период од минатата година. Велика Британија е на трето место со 1.264.275 посетители и пораст од 2.455,50 отсто во споредба со мината година. Потоа следуваат Бугарија и Иран.
Бројот на странски посетители на Туркије во јуни годинава е зголемен за 144,91 отсто во однос на истиот месец од претходната година.
Во јуни, според статистичките податоци, Туркије беше домаќин на 5.014.821 посетители.
Исто така, за месец јуни не е променето ниту рангирањето на земјите од каде што доаѓаат најмногу посетители во Туркије.
Во јуни на прво место според посетители е Германија со пораст од 204,20 отсто во однос на истиот месец од 2021 година, Русија го зазеде второто место со пораст од 243,30 отсто, а Велика Британија е на третото место со пораст од 4.202,32 отсто. По Велика Британија следуваат Бугарија и Иран.