Muhammed Ali Gürtaş
28 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Од Министерството за култура и туризам денес се соопштува дека Турција од јануари до крајот на август оваа година има угостено околу 27 милиони странски посетители, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бројот на странските посетители во изминатите осум месеци оваа година е поголем на 22,9 отсто, во однос на истиот период минатата година кога бројот изнесуваше 21,9 отсто.
Истанбул, една од најпопуларните туристички дестинации во Турција, во периодот од јануари до август оваа година имаше најголем број на странски посетители, кој изнесува 8,87 милиони.
По Истанбул следува медитеранскиот туристички град Анталија со 8,75 милиони посетители.
Најмногу странски посетители во Турција доаѓаат од Русија со 4,18 милиони или 15,5 отсто од вкупниот број.
Следуваат Германија со 2,97 милиони посетители, Велика Британија 1,57 милиони посетители, Иран 1,51 милиони посетители и Грузија 1,44 милиони посетители.
Авионите биле најпреферирано средство за транспорт на 20,8 милиони странски посетители, додека речиси 5,7 милиони и околу 650.000 посетители користеле патишта, железници и морски пат.
Според официјалните бројки Турција минатата година ја посетиле 32,4 милиони странски посетители, а во 2016 година бројката на странските посетители изнесувала 25,3 милиони.