Seyit Ahmet Aytaç
28 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 14 вработени во банка се приведени денес во главниот турски град, Анкара, поради сомнеж за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, осомничените се обвинети дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО, БајЛок.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на легално избраната власт преку инфилтирирање во турските институции, особено во Армијата, полицијата и во судството.