Турција

Акар: „Меморандумот меѓу Туркије, Шведска и Финска не е крај, туку добар почеток“

„Очекуваме да ги исполнат своите обврски“, порача турскиот министер за одбрана

Diyar Güldoğan  | 28.07.2022 - Обновена : 29.07.2022
Акар: „Меморандумот меѓу Туркије, Шведска и Финска не е крај, туку добар почеток“

РИГА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денеска изјави дека трилатералниот Меморандум кој неодамна беше потпишан на Самитот на НАТО меѓу Туркије, Шведска и Финска не претставува крај, туку добар почеток, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Очекуваме да ги исполнат своите обврски“, рече Акар на прес-конференцијата со неговиот латвиски колега Артис Пабрикс во главниот град Рига, каде што разговараа за одбранбените прашања и соработката со НАТО.

За време на Самитот на НАТО во Мадрид кон крајот на минатиот месец, лидерите на трите земји се согласија на трилатерален Меморандум за решавање на легитимните безбедносни грижи на Туркије, отворајќи го патот за кандидатурите на Финска и Шведска за зачленување во НАТО.

Договорот предвидува дека Стокхолм и Хелсинки нема да обезбедат поддршка за ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на терористичката ПКК, ниту за ФЕТО, терористичката организација која е одговорна за неуспешниот обид за пуч во 2016 година.

Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, бара од Шведска и Финска да ги исполнат своите обврски.

ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, Европската Унија и САД, и е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.

- Координативен центар за извоз на жито во Истанбул -

Во однос на Заедничкиот координативен центар во Истанбул за надгледување на извозот на украинското жито, Акар рече: „Центарот е оперативен. Официјални лица од Туркије, ОН, Украина и Русија работат дење и ноќе за бродовите што чекаат на украинските пристаништа да почнат да транспортираат жито во наредните часови и денови.“

Тој рече дека Туркије продолжува со напорите да постигне прекин на огнот меѓу Русија и Украина и да обезбеди испорака на хуманитарна помош.

Центарот беше официјално отворен вчера, а се состои од претставници на Туркије, ОН, Русија и Украина за да се овозможи безбеден транспорт со трговски бродови на комерцијални прехранбени производи и ѓубрива од три клучни украински пристаништа во Црното Море.

Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина минатата недела потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа - Одеса, Черноморск и Јужни - за житото со месеци блокирано поради тековната Руско-украинска војна, која веќе влезе во шестиот месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.