Enes Duran
12 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, соопшти дека е во Туркије е направен најголемиот рибарски брод фабрика во светот кој е целосно опремен со автоматизирана технологија со која може да се уловат и да се преработат 450 тони риба дневно. Бродот има капацитет, рибата која е целосно обработена, четири часа да се држи во фрижидери, а потоа свежа да се транспортира до брегот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за индустрија и технологија соопшти дека министерот Варанк го разгледал просторот на бродоградилиштата во турската област Јалова и го посетил бродоградилиштето „Терсан“.
Разгледувајќи ги бродовите што бродоградилиштето „Терсан“ наскоро треба да ги испорача, Варанк рече дека во моментов Туркије има бродоградилишта кои ги изработуваат најтехнолошките бродови во Европа.

Тој посочи дека рибарските бродови фабрики кои се наоѓаат на бродоградилиштето, наскоро ќе бидат доставени до нивните сопственици, Варанк рече: „Бродот пред нас е моментално најголемиот рибарски брод фабрика во светот. Освен тоа, оттука кон Антарктикот ќе исплови и брод што ќе се користи за риболов на крили*. Сите други бродови во бродоградилиштето се рибарски бродови фабрики. Има бродови кои ќе заминат за Канада, Холандија. Ова место речиси стана центар на извозот.“
Нагласувајќи дека се фокусирани кон растот на Туркије, инвестициите, вработувањата и извозот, министерот Варанк истакна дека споменатото бродоградилиште пред 20 години било мочуриште, но благодарение на изведените активности, областа станала зона во која се произведуваат најтехнолошките бродови на светот.
- „Инвестираме во трендовите на иднината“ -
Варанк рече дека споменатиот брод има карактеристики на фабрика во вистинска смисла и додаде:
„Зборуваме за технолошко чудо во кое живеат 150 луѓе, со капацитет за улов и преработка на 450 тони риба дневно, обработка на уловената риба во рок од четири часа и сместување во фрижидери, за таа свежа да биде доставена на брегот или кога бродот ќе се приближи до брегот, да биде доставена до пазарите. Всушност, уште кога ќе седнете во кабината на капетанот, имате чувство како да сте во вселенска база. Упатувам честитки до бродоградилиштето „Терсан“. И останатите наши бродоградилишта на овој простор имаат многу успешна работа. Како што знаете, производството на дел од носот на торпедата што се користат во турските подморници се спроведува во Јалова. Тука претходно присуствувавме на церемонии во врска со реморкери.“

Истакнувајќи дека на овие бродоградилишта се градат и бродови за крстарење кои се извезуваат во странство, целосно напојувани со електрична енергија и еколошки ориентирани, министерот Варанк додаде дека се свесни за трендовите на иднината и затоа инвестираат во тие области.
- „На море може да остане околу 10 месеци“ -
Мехмет Газиоглу, генералниот директор на бродоградилиштето „Терсан“, изјави дека рибарскиот брод фабрика, кој го изработиле во согласност со правилата и условите на Арктикот, е дизајниран да работи во суровите услови на северниот дел на Пацификот и истакна дека споменатиот брод е со најголеми димензии што ги дозволуваат правилата.
„Ова е рибарски брод фабрика со најголем капацитет во моментов, на кој можат да работат 150 луѓе. Може да остане на море околу 10 месеци“, рече Газиоглу информирајќи дека бродот е долг 108,2 метри и широк 19 метри.
„Ова е еден од бродовите што ги испорачавме во голем број земји од светот, почнувајќи од Канада до Нов Зеланд. Уживаме додека ги градиме. Се гордееме, знаејќи дека оваа земја ја споделува својата радост со нас.“