Турција

Туркије го осуди израелскиот напад врз репортерската екипа на ТРТ Арабик во Појасот Газа

„Го осудуваме овој подол напад. Ова е тероризам. Овој тероризам мора да престане и западниот свет мора да се спротивстави на оваа бруталност“

Gözde Bayar  | 12.04.2024 - Обновена : 14.04.2024
Туркије го осуди израелскиот напад врз репортерската екипа на ТРТ Арабик во Појасот Газа

АНКАРА (АА) – Властите на Република Туркије го осудија денешниот напад на израелската војска врз екипата на турскиот јавен сервис ТРТ Арабик во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Го осудуваме овој подол напад. Ова е тероризам. Овој тероризам мора да престане и западниот свет мора да се спротивстави на оваа бруталност што е можно поскоро“, порача преку социјалната мрежа Х шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун.

Израелската војска денеска го гаѓаше возилото на репортерската екипа на ТРТ на арапски јазик, која се подготвуваше за емитување од кампот Нусејрат, што се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа.

Снимателот Сами Шахада е тешко повреден и опериран. Репортерот Сами Берхум поминал без повреди.

„Израел цели на новинари и ја напаѓа слободата на медиумите за да спречи да бидат видени неговите масакри. Индиферентноста на меѓународната заедница кон овие напади го охрабрува Израел“, додаде Алтун.

Тој ја повика меѓународната заедница да преземе мерки против злосторството и рече дека оние кои молчат против овие систематски напади се соучесници во израелското злосторство на геноцид.

Над 33.600 Палестинци се убиени во Газа во нападите што ги спроведува Израел од 7 октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.