Туркије ги демантираше наводите за праќање оружје во Пакистан
„Шпекулациите дадени надвор од изјавите на овластени официјални претставници и институции не треба да се земаат предвид“

ИСТАНБУЛ (АА) - Директоратот за комуникации при турското Претседателство ги демантираше извештаите на некои медиуми кои тврдат дека Анкара пратила шест авиони полни со оружје во Пакистан, јавува Анадолу.
Во соопштението на X, Центарот за борба против дезинформации на Директоратот изјави дека тврдењето, кое се појави во некои медиуми, е неточно.
„Товарен авион што полета од Туркије застана во Пакистан за полнење гориво. Потоа продолжи по својата назначена маршрута. Шпекулативните извештаи дадени надвор од изјавите на овластени официјални претставници и институции не треба да се земаат предвид“, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.