Yusuf Soykan Bal
05 Септември 2023•Ажурирај: 07 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Полицијата во Истанбул приведе пет лица поради сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, изјави , пренесува Анадолу.
„Полицијата спроведе антитерористички операции за фаќање на шесте лица осомничени дека обезбедувале средства за печатење и продажба на пропаганден материјал во книжарниците во име на терористичката организација“, изјави Али Јерликаја на платформата X.
Напоменувајќи дека операциите биле извршени во пет области на Истанбул, Јерликаја додаде:
„Во операцијата беа фатени петмина осомничени. Запленети се голем број дигитални материјали и 73.000 долари.“
Туркије во 2013 година стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, терористичката организација постојано ја напаѓа оваа земја, а во најмалку десет самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади, загинаа околу 300 луѓе, а стотици беа повредени.
Со цел да ги спречи понатамошните напади, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство.