Aysu Biçer
12 Март 2022•Ажурирај: 13 Март 2022
АНКАРА (АА) - Туркиш ерлајнс, националниот авиопревозник на Република Турција, откажа 407 летови закажани за денес поради големите врнежи од снег во Истанбул, известува Агенција Анадолија (АА).
„Откажани се 357 летови за полетување и слетување на национални линии и 105 на меѓународни линии на аеродромот Истанбул“, соопштија од Туркиш ерлајнс.
Од компанијата истакнуваат дека се откажани и 50 летови од аеродромот „Сабиха Ѓокчен“.
ИГА, операторот на аеродромот „Истанбул“, соопшти дека бројката на летови од овој аеродром е намалена за 30 % поради временските услови, односно поради силните врнежи од снег.
На патниците на кои им се откажани летовите поради неповолните временски услови, им се советува да ги проверат информациите за летовите во авиокомпаниите пред доаѓањето на аеродромот „Истанбул“.