Faruk Zorlu
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ја повика Грција да го почитува меѓународното право и рече дека во спротивно Анкара ќе го направи она што е потребно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот романски колега Богдан Ауреску во турскиот главен град Анкара, Чавушоглу истакна дека Грција треба да ги почитува договорите.
„Или Грција ќе направи чекор назад и ќе се придржува до договорот, или ќе го направиме она што е потребно“, предупреди Чавушоглу, алудирајќи на неодамнешната воена вежба на Грција на островите во Егејското Море.
Тој, исто така, ја критикуваше Грција поради милитаризацијата на егејските острови во близина на турскиот брег, кои беа демилитаризирани според долгогодишните договори.
„Доколку Атина не сака мир, Анкара ќе направи сè што е потребно“, рече Чавушоглу.
Тој потоа ја повика Грција да престане со нелегитимното вооружување на островите во Егејското Море и да дејствува во согласност со меѓународните договори.
„Грција продолжува со провокациите. Не можеме да молчиме на тоа“, додаде шефот на турската дипломатија.
Грција неодамна спроведе воена вежба на егејскиот остров Родос, на 84 километри од турскиот приморски град Фетије.