Burak Bir
14 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – Терористичките напади врз турските цивили се директни и индиректни последици од поддршката што некои земји им ја даваат на терористичките организации, изјави денес директорот за комуникации на Туркије, нагласувајќи дека „меѓународната заедница мора да обрне внимание“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тие мора веднаш да престанат со директната и индиректната поддршка ако сакаат пријателство со Туркије“, напиша Фахретин Алтун на социјалната мрежа Твитер, еден ден по смртоносната експлозија на улицаа Истиклал во Истанбул, во која загинаа шест лица, а 81 се повредени.
Алтун рече дека терористите мислат дека можат да ја заплашат нацијата и владата преку овие напади, но тоа нема да им успее.
Тој истакна дека турската влада, под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, „никогаш не бегала од тоа да ги гони и казнува терористите“ каде и да се тие.
Уапсен е осомничениот кој ја постави бомбата на преполната улица која ја посетуваат купувачи и туристи, изјави утринава министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
„Нашата проценка е дека наредбата за смртоносниот терористички напад дошла од Ајн ал-Араб во северна Сирија, каде што ПКК/ЈПГ има свој штаб“, додаде тој.
Светските лидери го осудија нападот и испратија сочувство до Туркије.