Uğur İslamoğlu,Emrah Gökmen
14 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - По вчерашната експлозија во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, објавена е видео снимка од приведувањето на едно лице осомничено дека поставило бомба на улицата Истиклал, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на полицијата во Истанбул веднаш по експлозијата започнаа да трагаат по осомничените, а врз основа на снимките од безбедносните камери успеаја да го утврдат изгледот на осомниченото лице.
Со истрагата е утврдена и рутата на движење, а припадниците на полицијата од одделот за борба против тероризмот доцна синоќа ја пронашле жената осомничена во куќа во квартот Кучукчекмеџе во Истанбул, каде што се криела.
Утврдено е дека осомничената А.А.(23) е сириски државјанин и дека на територијата на Туркије влегла преку сирискиот град Африн.
На видео снимиките од приведувањео, кои ги објави турската полиција, може да се видат моментите на упадот на полицијата во куќата и приведувањето на осомничената.
„Нашата проценка е дека наредбата за смртоносниот терористички напад е од Ајн ал Араб во северна Сирија, каде што ПКК/ЈПГ има сириски штаб“, изјави претходно денеска министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу.
Во вчерашната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул загинаа шест лица, а 81 се повредени. Педесет повредени се пуштени од болница, додека петмина се на одделенија за интензивна нега.