Aynur Ekiz
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
АДАНА (AA) – Во возило на паркингот на префектурата на Адана се случи експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во близина на влезот на префектурата се случи експлозија од сеуште непознати причини.
Како резултат не ексползијата беа запалени неколку возила, а оштетена беше и зградата на префектурата.
На местото на настанот беа испратени многу амбулантни возила и пожарникари.
- „Се претпостаува дека инцидентот бил поттикнат од страна на женско лице“
Префектот на Адана, Махмут Демирташ, во изјавата за АА, рече дека експолизајата се случила во возило со регистарски ознаки со број 33.
Според Демирташ, возилото досега не било под истрага.
„Во 8:05 часот во возило на паркингот на префектурата се случи експлозија. Се претпоставува дека инцидентот бил поттикнат од страна на женско лице. Како резултат на експлозијата, животот го загубија две лица, а 16 беа повредени. Повредените се пренесени во болници“, истакна Демирташ.