Yıldız Nevin Gündoğmuş
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Пакистан, Имран Хан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство, пакистанскиот премиер Кан телефонски го побарал турскиот претседател Ердоган.
Главна тема во телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Кан биле тензиите кои се случија во последните денови меѓу Пакистан и Индија.
Исто така, тие се осврнале и на настаните во регионот.