Sarp Özer
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
АНКАРА
Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, денес оствари телефонски разговор со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, известува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана во врска со телефонскиот разговор објави дека двајцата министри зборувале за нападот на Ерменија врз Азербејџан, за Идлиб, Либија и за прашањата поврзани со одбраната и безбедноста.
Министерот Акар во разговорот со колегата Шојгу истакнал дека е потребно да им се стави крај на ерменските напади врз цивилните населби и Ерменија да биде протерана од териториите што ги окупирала.