İzzet Mazi
14 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
КИЛИС (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) со оклопни возила испратија дополнителни командоси во единиците кои се стационирани на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот на оклопните возила, кој ги пренесува командосите до единиците кои се стационирани на границата со Сирија, пристигна во Килис.
Конвојот, под безбедносни мерки, помина низ центарот на градот и се упати во насока на граничниот премин „Онџупинар“.
Се дознава дека командосите и возилата се испратени за зајакнување на единиците кои се стационирани на сириската граница.