Ekipa
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Турција донесе одлука во врска со случајот во кој турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган го тужеше лидерот на Републикансакта народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, со барање за исплата на 1,5 милиони турски лири, на име нанесена нематеријална штета, јавува Anadolu Agency (AA).
На рочиштето на 5. Правен суд во Истанбул присуствуваа адвокатот Ферах Јилдиз, во име на претседателот Реџеп Таип Ердоган, семејството и соработниците и адвокатот Џелал Челик, во име на лидерот на турската опозициска ЏХП, Кемал Киличдароглу.
Се работи за тужба која Ердоган ја покрена против Киличдароглу поради тврдењата дека е вршен трансфер на пари на островот Ман.
Судијата во образложението на пресудата истакна дека е јасно оти тврдењата кои обвинетите ги изнеле против страната која тужи се неосновани, и дека не бил извршен никаков трансфер на пари во странство.
Судот донесе одлука со која Киличдароглу се обрзува на турскиот претседател Ердоган, семејството и соработниците, да им исплати отштета во вредност од 197.000 турски лири (36.500 евра).
На претседателот Ердоган ќе му бидат исплатени 110.000 лири, а остатокот на неговото семејство и соработниците, кои Киличдароглу неосновано ги обвини.
Шефот на Републикансакта народна партија (CHP), Киличдароглу, на 28 ноември 2017 година на редовниот состанок на пратениците на партијата ги изнесе тврдењата дека е вршен трансфер на пари на островот Ман во Ирското Море.
Ердоган со семејството и соработниците потоа поднесе кривична пријава и тужба против Киличдароглу, со која се бараше отштета за нанесена повреда на угледот и честа.