Турција

Странските студенти го пофалија културното богатство на Турција

Американецот Самјуел Мареј, студент на Докторски студии по филозофија на Универзитетот „Нотр-дам“, рече дека Турција е земја со културно богатство со богата мешавина од Исток и Запад.

Sena Güler  | 19.03.2019 - Обновена : 20.03.2019
Странските студенти го пофалија културното богатство на Турција

ИСТАНБУЛ (АА) - Странските студенти на докторски студии кои ја посетуваат Турција, градат мостови на култура и братство, додека ги преиспитуваат нивните претходно утврдени поими за земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Студентите кои присуствуваа не неколку конференции за „Аврамските размислувања за филозофијата, науката и религијата“, одржани од Универзитетот „Бахчешехир“, ја истакнаа богатата космополитска култура на Турција.

„Мојот прв впечаток беше дека Турција е вистинска европска земја“, изјави за АА Американецот Самјуел Мареј, кој е студент на Докторски студии по филозофија на Универзитетот „Нотр-дам“, додавајќи дека ова било негова прва посета на Истанбул.

Мареј изјави дека бил нервозен пред доаѓањето во Турција поради известувањата на американските медиуми кои ја претставуваат Турција како опасна земја.

„Ние мислевме дека има војна и во Турција бидејќи е блиску до Сирија каде што има војна“, додаде тој.

Марај додаде дека Турција е земја со културно богатство со богата мешавина од Исток и Запад.

Тој рече дека Истанбул е модерен град заедно со неговите историски карактеристики.

„Можам да кажам дека моите размислувања навистина се променија откако дојдов во Турција“, истакна Марај.

Рече дека спроведува истражување за исламската филозофија и додаде дека сфатил што значи да се биде муслиман во Турција.

Филип Нери Рис, друг американски докторанд по филозофија, рече дека е импресиониран од турската култура.

Истакнувајќи дека има зголемување на бројот на студии за исламската филозофија во САД, Рис додаде дека повремените тензии меѓу Вашингтон и Анкара ги зголемиле интересите на некои Американци за Турција.

„Како христијанин, се чувствувам многу поудобно во Турција отколку во Лондон“, изјави Рис.

„Кога првпат дојдов во Истанбул како муслиман од Велика Британија, сѐ беше ново и различно“, изјави Абас Ахсан од Универзитетот „Бирмингем“.

Ахсан рече дека Турција е поинаква земја од она што е прикажано од страна на странските медиуми.

Потсетувајќи се на претходната посета на Истанбул, Ахсан рече дека отишол во историската џамија „Султан Ахмед" во градот и таму останал со часови, пронаоѓајќи го мирот.

„Она што најмногу ми се допадна при посетата на Истанбул е слушањето на езанот (повик за молитва)“, рече тој, истакнувајќи дека само муслиманите кои живеат во земја каде што нема повик за молитва, може да го разберат тоа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.