Erdoğan Çağatay Zontur
19 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
АНКАРА (АА) - Речиси 1 милион туристи ја посетија Турција во рамки на здравствениот туризам во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Термалниот туризам дава свој придонес кон турската економија преку лековитите води, заедно со морињата, реките и езерата“, истакна за АА Јавуз Јилик, челникот на Здружението за термален туризам (TESTUD).
Јилик нагласи дека Турција е една од првите седум земји во светот според термалните извори, со околу 1.500 природни извори на топла изворска вода.
„Заштитата на нашите лековити води, нивното правилно користење и нивното предавање на идните генерации со истите квалитети, е од особена важност за иднината на земјата“, додаде тој.