Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, во турскиот главен град Анкара ја прими на средба делегацијата на Уставниот суд на Северна Македонија, предводена од претседателот на Уставниот суд, Салих Мурат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата се одржа во ТБММ, и во нејзини рамки Шентоп изрази задоволство за нејзиното одржување, додавајќи дека делегацијата се наоѓа во официјална посета на Турција и дека делегацијата ќе се состане и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шентоп нагласи дека односите помеѓу Турција и Северна Македонија се на многу добро ниво.

Според него, Турција е една од земјите која прва ја признала независноста на Република Северна Македонија.
„Исто и потоа, Турција секогаш стоела до и ја поддржувала [Северна Македонија], што се однесува до развивање на односите со европските и атлантските институции“, рече Шентоп.
Тој истакна дека Турција секогаш вложува напор за да го истакне своето пријателство кон Северна Македонија кога било потребно.
- „Пријателството помеѓу Турција и Северна Македонија е вистинско“
„Најблискиот пример за тоа се помошта од медицинска опрема која Турција во рамки на своите можности ги испрати за време на пандемијата. По завршување на пандемијата, најверојатно секоја земја ќе има можност да ги одвои вистинските пријатели од оние кои не биле пријатели. Верувам дека на крајот на овој процес сите ние ќе имаме можност да видиме дека пријателството помеѓу Турција и Северна Македонија е вистинско“, изјави Шентоп.
Од друга страна, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Мурат, изрази задоволство што се наоѓаат во Турција и што се примени на средба во ТБММ.
Мурат рече дека Северна Македонија сака уште повеќе да ги развие односите со Турција.
„Со Турција дејствуваме пријателски и братски. Турција секогаш стоеше покрај Северна Македонија. Главната цел на нашата посета е развивање на односите помеѓу двете земји“, истакна Салих Мурат.