Faruk Zorlu
29 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот дел од втората пратка од вакцините против Ковид-19 нарачани од Кина пристигна рано утрово во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авион на „Туркиш ерлајнс“ кој полета од Пекинг, слета на Аеродромот „Истанбул“ во 6:10 часот по локално време, носејќи 3,5 милиони дози од вакцината.
Вкупно 10 милиони дози од вакцината пристигнаа во втората пратка.
Во првата пратка беа испорачани 3 милиони дози.
Турција потпиша договор со кинескиот производител на лекови „Синовак Бајотек“ за купување 50 милиони дози за вакцинација на 25 милиони луѓе.
Масовната вакцинација во Турција започна на 14 јануари.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа меѓу првите кои се вакцинираа со цел да придонесат кон зголемување на довербата на јавноста во вакцината.
Властите воведоа и полициски час во ноќните часови и за време на викендите за да се спречи ширењето на Ковид-19.