Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
29 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
БОГОТА
Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.386 лица, 1.506 во Мексико, 166 во Аргентина, 390 во Колумбија, 212 во Перу, 134 во Чиле, 62 во Еквадор, 59 во Боливија и 30 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.386 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 221.547. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 61.811, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 9.058.687.
По Соединетите Американски Држави (САД) Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.923.794 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.506 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 18.670 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 155.145 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.825.519. Во оваа земја досега оздравеа 1.376.073 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, поминувајќи ја Индија, се најде на 3. место според бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а на 13. место е според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 166 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 47.601. Во истиот период детектирани се 9.471 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.905.524.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.693.146 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 390 лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 52.913.
Во последните 24 часа детектирани се 12.270 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.067.575. Во оваа земја досега оздравеа 1.894.384 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 212 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.117 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.119.685, од кои починаа 40.484 лица, а оздравеа над 1.033.357 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 134 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 18.174.
Во истиот период регистрирани се нови 4.255 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 714.143, а оздравеа вкупно 670.336 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 62 смртни случаи, вкупно 14.766 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 2.465 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 246.000. Досега во Еквадор оздравеа 204.071 лице кои биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 59 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.652.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 210.726, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.226. Досега оздравеа 155.722 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 30 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати достигна 5.543. Во истиот период детектирани се 1.098 новозаразени, вкупно 157.595 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 142.320 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.