Admir Fazlagic
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 336 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 91.891, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.831.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 385 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 80.393.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.667.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.964 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирање.