Sibel Kurtoğlu,Cemal Coşkun
29 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на турскиот Парламент, Бинали Јилдирим, изјави дека Азија можат повторно да ја направат гравитационен центар на светот и надеж за човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако сакаме, можеме Азија повторно да ја направиме гравитационен центар на светот и надеж за човештвото“, рече Јилдирим во своето обраќање на 11. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Азија.
Јилдирим нагласи дека сите луѓе имаат право да живеат во еден подобар свет. „Ние како парламентарци тоа го имаме како обврска. Конфликтите не се корисни за нашиот регион, за човештвото“, рече Јилдирим.
„Тоа што треба да го направиме е да ги елиминираме постоечките проблеми, да понудиме придонес во нашите влади за решавање на проблемите, несогласувањата, користејќи ја парламентарната дипломатија на ефективен начин“, додаде тој.
Според Јилдирим, светот навистина треба да излезе од турбуленциите во кои влезе во овој дел на 21 век.
„Никој да не мисли дека ќе се спаси од проблемите, поставувајќи високи ѕидови на границите на државата“, рече Јилдирим, додавајќи дека решавањето на проблемите поминува низ тоа дека светот треба да се земе предвид како една целина.
Јилдирим во своето обраќање се осврна и на кипарското прашање, и нагласи дека воспоставувањето на мирот меѓу двата народа на Кипар е една неопходност за осигурување на безбедноста на Медитеранот.