Erdoğan Çağatay Zontur
11 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во палатата „Долмабахче“ во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот кој беше затворен за медиумите траеше еден час.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, исто така се состана со Столтенберг. За време на состанокот, двајцата дискутираа за прашања во врска со одбраната и безбедноста.
Претходно Столтенберг на средба го прими и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.