Emrah Gökmen
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Голем број жители на Истанбул и странски туристи ја дочекаа 2020 година на плоштадот „Таксим“, познатата улица „Истиклал“ и во другите делови на турската метропола, јавува Агенција Анадолија (AA).
Собрани заедно ги одбројуваа последните секунди од 2019 година и со спектакуларен огномет влегоа во Новата година.
Дочекот на 2020 година е организиран и во многу хотели и ресторани во Истанбул, додека сепак многу граѓани решија во Новата година да влезат во топлината на својот дом во кругот на семејството и пријателите.
Во Новата година претходно влегоа Австралија, Индонезија, Тајланд, Малезија и други земји, во кои по повод дочекот на Новата година беа организирани огномети.