İbrahim Yozoğlu,Yusuf Soykan Bal
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ИЗМИР
Триесет и три часа по силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, од под урнатините е спасено 55-годишно машко лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Повреденото лице со име Ахмет транспортирано е во болница за да му биде укажана медицинска помош.
Од Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД) соопштија дека бројката на загинати лица од земјотресот во Измир се зголеми на 62.
Спасувачките тимови продолжуваат со акцииите за пребарување и спасување во Измир. Најмалку 896 лица се повредени во петокот, кога земјотресот со јачина од 6,6 степени го погоди Измир.
Покрај тоа, министерот за здравство, Фахретин Коџа, соопшти дека 70-годишно машко лице е извлечено по 34 часа. Коџа ја сподели радосната вест на социјалната мрежа Твитер
„Животот уште еднаш победи. Вечерва околу еден час по полноќ, 34 часа по земјотресот, спасен е нашиот 70-годишен Ахмет. Му благодариме за зборовите кои нè направија среќни: 'Никако не губев надеж'", напиша министерот за здравство, Фахретин Коџа.