Şahin Oktay
12 Февруари 2023•Ажурирај: 13 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Спасувачите во Хатај успеале да ги спасат Сириецот Аднан Ахмад Амир и неговата четиригодишна ќерка Емира Амир, по 141 час од разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије во понеделникот, известува Анадолу.
Откако е извлечен од урнатините заедно со својата ќерка, таткото побарал две чаши чај.
„Чајот е подготвен“, му одговориле спасувачите.
На таткото и ќерката им е укажана медицинска помош.
„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.
- Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.