Mustafa Bikeç
05 Мај 2021•Ажурирај: 07 Мај 2021
БАЛИКЕСИР - Во местото Ајвалик, во турската област Баликесир, на копно се извлечени 39 нерегуларни мигранти што грчките безбедносни елементи ги истуркаа во турските територијални води, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на Командата на турската крајбрежна стража започна спасувачка операција по дојавата дека на отворено море кај островот Ѓунеш (Сонце) забележан е гумен чамец со група нерегуларни мигранти.
Спасени се 39 мигранти кои грчката крајбрежна стража ги истуркала кон турските територијални води.
По спроведените законски постапки нерегуларните мигранти му се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајвалик.