Halil Şahin
06 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
ИЗМИР (АА) - Деветнаесетте мигранти кои грчката страна ги истурка назад кон турските територијални води во близина на областа Дикили во Измир се префрлени на копно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Командата на турската Крајбрежна стража, по добивањето на информацијата дека група нерегуларни мигранти со гумен чамец се забележани на отворено море кај Дикили, Крајбрежната стража се упатила кон местото.
Турската крајбрежна стража ги спаси 19-те мигранти во гумен чамец, што грчката страна го истуркала назад кон турските територијални води.
Мигрантите по спроведените постапки на запишување, предадени му се на обласната канцеларија за миграции.