Снежната покривка го претвори турскиот остров Акдамар во зимска атракција, привлекувајќи многубројни посетители
Островот, кој се наоѓа во округот Геваш во провинцијата Ван, побели по дводневните врнежи од снег, создавајќи живописна зимска глетка во контраст со сините води на езерото Ван
ВАН(АА) - Островот Акдамар, во близина на јужните брегови на езерото Ван, привлече голем број посетители по неодамнешните снежни врнежи што го зафатија овој историски локалитет во Источна Турција, јавува Анадолу.
Островот, кој се наоѓа во округот Геваш во турската област Ван, побели по дводневните врнежи од снег, создавајќи живописна зимска глетка во контраст со сините води на езерото Ван.
Домашни и странски туристи, како и љубители на фотографијата, со брод патуваат околу половина час од пристаништата во окрузите Едремит и Геваш за да стигнат до островот покриен со снег.
Посетителите ги обиколуваат островот и историската црква, фотографирајќи го впечатливиот зимски пејзаж.

Главна атракција на островот е црквата „Акдамар“, средновековен ерменски христијански храм, изграден помеѓу 915 и 921 година од архитектот, епископ Мануел, по налог на кралот Гагик Први Арцруни.
Црквата има значајно место во источно-западната христијанска уметност и се издвојува со најважните украси и сеопфатни ѕидни релјефи од својот период. На 13 април 2015 година таа беше ставена во Прелиминарната листа на светско културно наследство на УНЕСКО.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
