İlyas Tayfun Salcı
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ЛОНДОН
Сијамски близнаци со споени глави од турскиот град Анталија успешно се оперирани во Лондон и се префрлени во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Близнаците Дерман и Јигит, кои беа во придружба на родителите Омер и Фатма Евренсел, со амбулантен авион на турското Министерство за здравство од градот Лутон се пренесени во Анкара.
Амбасадорот на Турција во Лондон, Умит Јалчин, генералниот конзул, Чинар Ергин, и други официјални претставници го испратија семејството.
Сијамските близнаци Дерман и Јигит се родени на 22 јуни 2018 година во Аланија.
Се лекуваа во неколку болници во Анталија и Истанбул, притоа водејќи тешка животна борба бидејќи главите им беа споени.
Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган помогна да бидат подложени на операција во Велика Британија.
Близнаците со амбулантен авион беа пренесени во Велика Британија на 1 декември 2019 година за да бидат оперирани.
Тим од дури 42 лекари, вклучувајќи и двајца турски, изврши три големи операции на близнаците. На близнаците на 28 јануари им беа успешно раздвоени главите, по што се лекуваа во болница, а сега по сите предизвици и многу неизвесности се вратени во Турција.