Fecri Barlık
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
СИРТ (АА) - ФЕЏРИ БАРЛИК
Ноќта на 15. јули минатата година, милиони граѓани на Турција излегоа на улиците во своите градови давајќи отпор на припадниците на терористичката организација ФЕТО, која таа ноќ се обиде да изврши државен удар во земјата.
Меѓу нив беше и Дилавер Батур, општински службеник во градот Сирт и татко на пет деца.
Потсетувајќи се на ноќта на 15. јули, Батур во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека по повикот на претседтелот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, излегол на улица за да даде отпор на пучистите кои имале за цел да ја преземат контролата над институциите во земјата.
„Кога дојдов пред зградата на градската управа, видов дека пучистите се обидуваат да преземат контрола над институцијата и да го заробат гувернерот. Луѓето даваа отпор. Легнав пред оклопното возило за да се обидам да го спречам неговото движење“, се присети Батур.
Тој потсети дека тоа не бил прв обид на терористите на ФЕТО, нивните внатрешни и надворешни сојузници, соработници и директори, да ја дестабилизираат Турција.
„Народот ги победи терористите на ФЕТО. Подобро да ги загубиме животите отколку татковината“, изјави Батур и додаде дека целта на обидот за пуч беше Турција да се подели и потоа да биде предадена на другите.
- Кадрије Карабеке била на улица со семејството -
Во градот Денизли, Кадрије Карабеке (39) изглегла на улица со деветнаесетгодишниот син. Таа учествувала во спречувањето на пучистите да заминат во Анкара.
„Го молам Бога на мојата земја никогаш повеќе да не ѝ се повторат датуми како 15. јули. Со син ми стоев во првите редови давајќи отпор на пучистите“, изјави таа.
Али Карабеке (19) изјави дека најпрво не можел да верува што се случува, но оти подоцна излегол на улица за да им се спротивстави на пучистите.
Членовите на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во војската на Турција, ноќта на 15. јули 2016 година се обидоа да извршат државен удар и да ја преземат контролата над институциите во таа земја. На повик на претседателот Реџеп Таип Ердоган, милиони граѓани во земјата излегоа на улиците и ги спречија пучистите во нивниот крвав поход. Во обидот за пуч терористите убија 249 лица, а ранија повеќе од 2.000.