Nilay Kar
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 38 лица денеска се приведени низ цела Турција под сомнение за нивна поврзаност со терористичката група ПКК, велат полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Анкара приведе 11 осомничени лица, како дел од антитерористичките операции, откако од Канцеларијата на јавниот обвинител беа издадени налози за приведување на 25 осомничени лица на ПКК, соопшти претставник на полицијата под услов да остане анонимен.
Осомничените планирале да извршат терористички напад пред утрешното одржување на пролетниот фестивал „Невруз“ , вели изворот.
Друг полициски извор информираше дека во централната област Коња, исто така, како дел од антитеристичките операции, се приведени осум осомничени лица на ПКК.
Во источната област Ван се приведени 19 осомничени лица на ПКК.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, во јули 2015 година повторно ја започна својата вооружена кампања против Турција.
Оттогаш, е одговорна за смртта на повеќе од 1.200 лица, припадници на турските безбедносни сили и цивили, меѓу кои има голем број жени и деца.