Mesut Karaduman
19 Јуни 2023•Ажурирај: 22 Јуни 2023
ТЕКИРДАГ (АА) - Пространите полиња со лаванда во турската област Текирдаг на многу посетители им нудат „бегство во светот на бајките“.
Во оваа турска област се одржуваат Денови на лаванда, кои многу љубители на ова растение ги искористија за фотографирање.

Директорот на Подрачната канцеларија за култура и туризам, Ахмет Хаџиоглу, за Анадолу изјави дека посетителите имаат можност и да летаат со балони за да имаат што поубав поглед на полињата со лаванда.
Туба Курт е воодушевена од пејзажот, а за АА изјави дека само шетањето низ полињата со лаванда е нешто што зборовите не можат да го опишат.

Елиф Каплан ја искористи можноста за фотографирање на полињата со лаванда, и рече дека на оваа локација ги носи и своите гости.
Лавандата е растение со прекрасен изглед, а позната е по интензивниот и смирувачки мирис. Нејзиниот цвет се користи за добивање масло од лаванда, кое подоцна се користи како антисептик и во ароматерапијата.
Виолетовото растение се одгледува главно на Канарските Острови, во јужна Европа, северна и источна Африка, Медитеранот, јужна и западна Азија и на југоистокот на Индија.