Ekipa
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
ТЕКИРДАГ (АА) - Најмалку две лица загинаа во денешниот пад на авион во градот Текирдаг, во западниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кој дојде новинарот на АА, авионот за обука денес околу пладне, падна во местото Ергене, недалеку од турскиот град Текирдаг. Притоа смртно настрадаа пилотот Јусуф Акшахин и кандидатот што го обучувал, Алпер Оран.
Сè уште не е позната причината за падот на авионот од типот „цесна”, кој полетал од аеродромот Чорлу. Исто така, се дознава дека овој авион бил во сопственост на едно приватно училиште за пилоти.
По падот авионот се запалил поради што интервенираше противпожарната служба.