Burcu Çalık
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
АНКАРА (АА) - Поради катастрофалните поплави во Скопје и скопската околија, Генералниот директорат за фондации на Турција испрати 4 илјади пакети со сува храна и илјада пакети помош со основните хигиенски и помошни материјали наменети за настраданите семејства од поплавите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во поплавите што го зафатија скопскиот регион и некои делови во северозападниот дел на Македонија – Тетово, на 6-7 август, животот го изгубија 22 лица.
Генералниот директорат за фондации на Турција одлучи да испрати помош за Македонија, којашто се справува со последиците од катастрофалните поплави.
Во овој контекст, на семејствата погодени од катастрофалните поплави, помошта од околу 4 илјади пакети со сува храна, со тежина од 21,5 килограми, и илјада пакети со основни хигиенски и помошни материјали им е испратена на 12 август.
Генералниот директорат за фондации, во име на фондациите не само во Турција, туку и на оние што се во земјите надвор од Турција, во име на фондациите реализира добротворни услуги.