Aldıjana Hadzıc
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Пространите полиња со лаванда во близина на градот Шенјанг во Кина, на посетителите им нудат бегство во светот на бајките, јавува Anadolu Agency (AA).
„Виолетовото море” со прекрасен мирис кое се простира на пет илјади хектари со сигурност е мирна оаза која ја бараат не само туристите туку и домашото население.
Посетителите можеа да ги приметат натписите „Love” , различни метални конструкции, и скулптура на младенци кои со нивните фотографии даваат посебен допир на романтика.
Лежалките поставени помеѓу дрвјата им даваат можност на уморните, опиени со пријатниот мирис да потонат во сон и така да соберат енергија за напорната недела која ги очекува.
Полето со лаванда и овој викенд привлече голем број на посетители кои се забавуаат добро, опкружни со мирисните цветови на ова растение.
Лавандата со обликот, бојата и пред се со опојниот мирис, ја потврдува славата уште од времето кога, поради купките и мирисните церемонии на опуштање и разубавување, старите Римјани ја нарекле според зборот лаваре, што значи „ следи”, што многу веројатно се однесувало на лековитото дејствување на оваа билка во нега на кожата, ублажување иритации и испирање на рани.