Zuhal Kocalar
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - ЗУХАЛ УЗУНДЕРЕ КОЏАЛАР - Во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат за расчистување на Џарабулус од терористите, и враќањето на цивилното население во градот, членовите од Платформата Анадолија, на децата кои поради стравот од ДАЕШ не излегувале на улица, ги потсетиле децата на заборавените игри, јавува Anadolu Agency (AA).
На турско-сириската граница продолжува операцијата Штитот на Еуфрат на заедничките специјални единици на турските вооружени сили и коалициските воздухопловни сили против терористичките закани во подрачјето околу Џарабулус.
Покрај основната задача на оваа операција, која предвидува расчистување на областа од милитантите на терористичката организација, дотур на вода и струја од Турција и одново овозможување на услови за живот во Џарабулус, не беа заборавени ниту децата од градот.
Долги години децата во Џарабулус живееле под притисок на ДАЕШ и забраната за играње на улиците. Со поддршка на добронамерните, децата повторно се запознаа со игрите.
Младите од Газиантеп кои дојдоа во Џарабулус, со себе донесоа топки, јажиња и со жителите на градот ги учеа децата на заборавените игри. Благодарение на воспоставениот мир и спокој во градот, децата кои излегоа од домовите, ги исполнија улиците со детски жагор.
Претседателот на платформата Анадолија, Тургај Алдемир, во изјавата за АА рече дека операцијата Штитот на Еуфрат создала атмосфера на безбедност во областа.
- Децата се плашеа да играат со топка
Алдемир за детската радост која се отсликуваше на улиците во Џарабулус ослободен од прогонот на ДАЕШ рече: „Викааа, ‘ ова случајно да не е сон’.“
Народот стравува повторно да не стане жртва на прогонот на ДАЕШ, рече Алдемир.
„Имаме активности во селата околу Џарабулус, кои спаѓаат во безбедносната зона која ја формираше војската. Нашите активности се особено наменети кон децата. Со поддршка на Општината Кечиорен од Анкара и општината Газиантеп во тие подрачја изградивме детски паркови. И ние колку што можевме дадовме своја поддршка за овие паркови. Сега во тие паркови и околу нив децата ги учиме на игри. Во почетокот, на теренот поставивме топка, но никој не се доближи до неа, се плашеа. За жал, терористите на ДАЕШ таму играле со главите на убиените. Децата тоа го виделе. Биле сведоци како нивните татковци умирале пред нив, како биле ограбувани нивните куќи, како биде одведувани нивните браќа. Овие деца биле сведоци на голема болка.“
Бројката на децата кои сакале да се приклучат на играта постојано се зголемувала, така да од 3 до 5 деца на почетокот, бројкатасе зголеми и дојде од 20 до 30, рече Алдемир и продолжи:
„Играа топка со нашите младинци. Ги играа уличните игри. Вртеа хулахоп, фаќаа марамче. Во еден момент кај децата можеше да се забележи неверојатна среќа. Во почетокот срамеживо гледаа покрај прозорците и ѕидовите, скриени зад вратите, ѕиркаа ни процепот, за потоа да се најдат себеси на улицата. Кога игрите завршија и дојде времето за наше враќање, голем дел од нив заплакаа. ‘Повторно дојдете’, рекоа, како и ‘Носете не и нас’. Значи дека повторно местото го гледаат како татковина и сопствен дом. “
Алдемир истакна дека сеќавањата кај децата сѐ уште се свежи, ги заборавиле среќните моменти, но веднаш се присетиле на старите игри и ги научиле новите и додаде дека мајките со солзи во очите ја следеле радоста на своите деца.
Тургај Алдемир, истакна дека нивна основна цел и заложба е сириските деца во рамките на игрите од сопствената култура, со радост да им го вратат животот во нормала.