Özgün Tiran
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
ТЕКИРДАГ (АА) - Железничкиот сообраќај е стабилизиран, а поправен е и делот од железничката пруга кој беше оштетен од несреќата, која се случи на 8 јули, во подрачјето на Кору, во турската област Текирдаг, каде што загинаа 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашната поправка, првиот воз Босфор Експрес од Халкали до Едрене тргна синоќа во 21:40 по локално време. Возот поради претпазливост ја намали брзината додека минуваше низ делницата каде што се случи несреќата.

Утринава по истата делница помина теретниот воз кон Истанбул кој исто така ја намали брзината на делот каде што се случи несреќата, а потоа продолжи со нормална брзина.
Акцијата за отстранување на остатоците од превртените вагони продолжува и понатаму.