Турција

Продолжува потрагата по репортерот на Anadolu Agency во Турција

Репортерот во петокот ја следел тековната работа на патот Бајбурт - Трабзон на надморска височина од 3.500 метри, на планината Сонгали, североисточна Турција, кога паднал во провалија

Erdoğan Çağatay Zontur  | 13.05.2019 - Обновена : 14.05.2019
Продолжува потрагата по репортерот на Anadolu Agency во Турција

БАЈБУРТ (АА) - Турските спасувачки екипи и жандармериските единици продолжуваат со потрагата по дописникот на Anadolu Agency, Абдулкадир Нишанџи.

Репортерот во петокот ја следел тековната работа на патот Бајбурт - Трабзон на надморска височина од 3.500 метри, на планината Сонгали, североисточна Турција, кога паднал во провалија.

Нишанџи се лизнал кога масата снег на којашто згазнал се скршила, во подрачјето на свиоците Дербаши, познато како едно од најопасните во светот.

Во областа се наоѓаат тимови на државната Агенција за вонредни состојби (AFAD), Националниот медицински тим за потрага (UMKE), Специјалната жандармериска команда за јавна безбедност, жандармериски тимови за пребарување и спасување и итна медицинска служба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın