Cem Genco
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) испратија 51 камион со хуманитарна помош на народот во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите на патот кон Идлиб, Сирија, го поминаа граничниот премин „Џилвеѓозу“ во Хатај, во јужниот дел на Турција.
Помошта ќе биде доставена на народот во Идлиб и неговата околина.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Идлиб спаѓа во деескалациската зона според Договорот од 2018 година склучен меѓу Турција и Русија.
Подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од страна на режимот на Асад и неговите сојузници.