Турција

Прогласени победниците на „Istanbul Photo Awards“ за 2021 година

- На овогодинешното натпреварување учествуваа 1.206 фотографи од вкупно 96 земји, кои низ своите објективи ги следеа глобалните случувања во 2020 година, а на натпреварувањето „Istanbul Photo Awards“ се пријавени речиси 15.000 фотографии

Dilan Pamuk  | 12.05.2021 - Обновена : 13.05.2021
Прогласени победниците на „Istanbul Photo Awards“ за 2021 година Фотографијата „Мајчинска љубов“ на Мохамед Шаџахан од Бангладеш прогласена е за Фотографија на годината на „Istanbul Photo Awards 2021“

АНКАРА 

Фотографијата „Мајчинска љубов“ на Мохамед Шаџахан од Бангладеш прогласена е за Фотографија на годината на Меѓународното натпреварување во фотографија „Istanbul Photo Awards 2021“, известува Агенција Анадолија (АА).

Ова е 7. Меѓународно натпреварување во фотографија „Istanbul Photo Awards“, што го организира Агенција Анадолија (АА).

На овогодинешното натпреварување учествуваа 1.206 фотографи од вкупно 96 земји, кои низ своите објективи ги следеа глобалните случувања во 2020 година, а на натпреварувањето „Istanbul Photo Awards“ се пријавени речиси 15.000 фотографии.

За Фотографија на годината прогласена е фотографијата на бангладешкиот фотограф Мохамед Шајахан под наслов „Мајчинска љубов“.

Во категоријата „Поединечна вест“ фоторепортерот на AFP, Јури Кортез, ја освои втората награда за фотографијата на која ги фотографирал затворениците во затворот „Куезалтепекуе“ во Ел Салвадор.

Фоторепортерот на AP, Петрос Гианакурис, ја освои третата награда со фотографијата на која ги прикажува потешкотиите со кои се соочуваат мигрантите кои избегале од кампот во кој биле сместени во Грција.

Фотографите Кортез и Гианакурис прикажуваат како низ целиот свет се одвиваат различни случувања.

Повеќе информации во врска со жирито за 2021 година и со наградените фотографии достапни се на страницата „http://istanbulphotoawards.com“.


- Членови на жирито од шест држави

Членовите на жирито оваа година доаѓаат од шест земји, а го сочинуваа: искусниот фоторепортер на „Ројтерс“ и добитник на престижната награда „Пулицер“, Горан Томашевиќ, фоторепортерот на Агенцијата NOOR, Јури Козјерев, високата уредничка на дигиталните медиуми во „Пари мач“ („Paris Match“), Мерион Мертенс, Мишел Ското, поранешен шеф на дистрибуција на фотографии и развој на работењето на AFP, американската фоторепортерка и писателка Деборах Копакен, главниот спортски фотограф на Агенцијата „Гети имаџес“ (Getty Images), Камерун Спенсер, фоторепортерот Ахмет Сел, главниот уредник на Одделот за визуелни вести на АА, Хасан Ојмез, и уредникот на фотографии на АА, Фират Јурдакул.

Жирито на Меѓународното натпреварување „Istanbul Photo Awards 2021“ ги одбра најдобрите фотографии онлајн поради пандемијата на коронавирусот.


- Поддршка за фоторепортерите

Генералниот директор на АА, Сердар Караѓоз, изјави дека пандемијата на Ковид-19, која го погоди целиот свет, уште еднаш покажала дека фоторепортерите и медиумските работници продолжуваат со длабока посветеност да работат во многу тешки и предизвикувачки услови.

„Агенција Анадолија со натпреварувањето ‘Istanbul Photo Awards’ силно продолжува да дава поддршка во овој сектор. Секоја година издигнувајќи го натпреварувањето на следно ниво, ги поддржуваме фотографиите со кои се одбележани одредени моменти“, рече Караѓоз.

Тој потсети дека на натпреварувањето „Istanbul Photo Awards 2021“ биле пријавени речиси 15.000 фотографии.

„Вкупно 1.206 фотографи од вкупно 96 земји се пријавија на ова натпреварување со вкупно 14.740 фотографии.“

Караѓоз изјави дека секој година се зголемува квалитетот на пријавените фотографии и дека членовите на жирито имале навистина тешка работа при изборот на најдобрите.

„Станувајќи платформа на која се пријавија 12.000 фотографи во 7. издание на ова натпреварување, е показател на квалитетот што го има 'Istanbul Photo Awards'. Нашето жири, составено од престижни имиња од светот на фотографијата, ги одбра победниците по пат на платформа што ја подготвивме поради пандемијата на коронавирусот. Им се заблагодарувам на сите одделно за нивниот придонес во ова натпреварување“, рече Караѓоз.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.