Nuri Aydın
13 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолија, Сердар Караѓоз, ги повика меѓународните медиуми на солидарност откако цел во израелските напади врз палестинските цивили беа и репортерите на АА.
Караѓоз во писмото кое го упати до меѓународните медиумски куќи наведе дека настаните кои започнале во понеделникот, на 10 мај, биле најсериозни во регионот во текот на последните години.
Во писмото потсетува дека и репортерите на АА биле цел на насилните напади во регионот.
„Нашите четворица репортери се сериозно повредени додека ги извршуваа своите задачи. Нашите новинари кои ги следат случувањата, придржувајќи се на новинарските принципи, се соочени со сериозна ситуација“, изјави Караѓоз.
Тој истакна дека репортерите на АА двапати се нашле среде насилства во регионот и дека животите им биле во опасност.
Тој ги повика меѓународните медиуми на солидарност во овие предизвикувачки моменти и за медиумските работници.
„Би ни било мило да нѐ поддржите во овие немирни времиња и да покажете солидарност со нашите колеги кои се обидуваат да ги извршат своите основни новинарски должности“, заклучи во писмото.