Ayşe Böcüoğlu Bodur
31 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
АНКАРА
Туристичките приходи во Турција во 2019 година се зголемени за 17 проценти во однос на претходната година и изнесуваат 34 милијарди 520 милиони 332 илјади долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за статистика на Турција (TÜİK) ги соопшти статистиките за туризмот за 2019 година.
Според нив, приходот од туризмот се зголемил за 17 проценти во однос на претходната година и достигнал 34 милијарди 520 милиони 332 илјади долари.
Исто така, 83,3 % од наведените приходи (со исклучок на роаминг за мобилни телефони и расходи за услуги за марини) се добиени од странски посетители и 16,7 отсто од турските граѓани што живеат во странство.
Во овој период, просечното трошење за еден ден изнесува 68 долари, дневното трошење на странците изнесува 73 долари, а на турските граѓани што живеат во странство 50 долари.
Минатата година, трошоците за туризам се намалија за 10,1 процент во однос на претходната година и изнесуваат 4 милијарди 403 милиони 670 илјади долари.
Бројот на турски граѓани што ги посетиле странските земји во однос на претходната година е зголемен за 15,1 процент и достигна 9 милиони 650 илјади 512 лица. Нивното просечно трошење во странство изнесува 456 американски долари.
Министерството за култура и туризам на Турција истакна дека минатата година е поставен нов рекорд во однос на туристите што ја посетиле Турција и утврдено е дека во 2019 година вкупно 51,7 милиони туристи ја посетиле Турција.