Eren Bozkurt
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
АДАНА (АА) - На аеродромот во Адана беше приведен Васим Б’нин, канадски државјанин од алжирско потекло, поради неговото членство во ДЕАШ, а за него се покажа дека е инструктор кој врши обука за ракување со оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, со заедничка работа на Националната разузнавачка организација (МИТ) на Турција и полицијата на Адана, на 10 март, на аеродромот во Адана е приведен Васим Б’нин. Дванаесетдневното испитување открило важни детали.
Во распитот на Одделението при командата за антитероризам, приведениот дал изјава на англиски и на арапски јазик, од којашто се дознава дека лицето е виш инструктор за обука за користење на оружје, кој ги обучувал терористите во Сирија.
- Пронајдени видеоснимки од неговата обука на терористите -
Кај осомничениот канадски државјанин се пронајдени дигитални материјали, а по разгледувањето е утврдено дека се работи за документи и видеоснимки на организацијата.
На видеоснимките може да се забележи како во руралните делови на Сирија, Васим Б’нин врши обука за ракување со оружје и дава наредби за воени вежби кон конкретни цели.
Во меѓувреме се дознава дека осомничениот сакал со авион од Адана да замине за Истанбул, од каде што преку Грција планирал да патува за Канада.