Mustafa Yıldırım,Yusuf Şahbaz
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
ИЗМИР (АА) - Во Измир, Маниса и Денизли во Турција, приведени се 23 лица кои во рамките на кампањата за клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, на социјалните мрежи ја величеле терористичката организација ПЈД/ПКК и го повикувале народот да излезе на улиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Измир покрена истрага за содржините на социјалните мрежи преку кои се клеветат Вооружените сили на Турција (ТСК) и операцијата „Маслинова гранка“ која ТСК ја покренаа во саботата, во Африн, Сирија.
Екипите за борба против тероризмот, но и екипите против интернет-криминал истовремено покренаа акции на неколку локации во Измир, при што се приведени 17 лица, меѓу нив е и Черкез Ајдемир, од Националната демократска партија (ХДП).
При претресот е запленета ловечка пушка, документи и дигитален материјал.
Исто така, приведени се шест лица кои на јавни површини ја величеле терористичката организација, а нивните снимки се споделени на многу интернет-страници.
Приведените лица подготвувале и активност во Борнова, Измир.
Вооружените сили на Турција (ТСК) ја продолжија воената операција „Маслинова гранка“ во сирискиот град Африн, која е покрената во саботата, со цел воспоставување безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата што е под окупација на терористите и давање поддршка на народот од тоа подрачје.