ДИЈАРБАКИР (АА) - Сепаратистичката терористичка организација ПКК, 34 години спроведува предавнички напади, масакрирајќи голем број деца, млади, жени и стари лица, предизвикувајќи болка која илјадници семејства не можат да ја избришат од своите сеќавања, пишува Anadolu Agency (AA).
Во местото Ерух во подрачјето на Сирт и Шемдинли, Турција, на 15 август 1984 година беше спроведен првиот напад од страна на ПКК, која не наоѓајќи го посакуваното во руралните предели, своите активности ги пренасочи во градовите, одземајќи ги животите на цивилите.
Оваа крволочна организација се обидува да го наруши мирот и спокојството во Турција, изведувајќи бомбашки и вооружени напади не само врз безбедносните сили, туку и врз ученици, наставници, здравствени работници и врз цивилното население.
Во нападите коишто терористите на ПКК ги спроведоа во периодот од 1980 до 1990 година, покрај цивилното население, цел на нивните куршуми беа и мали бебиња, масакри кој не можат да се избришат од сеќавањата.
Во селото Деринџе, во близина на Бајкан во областа Сирт, на 21 октомври 1993 година терористите на ПКК во училишниот двор стрелаа 22 лица од кои 13 деца. Оттогаш измина речиси четврт век, но тоа грозоморно убиство од страна на ПКК сѐ уште не избледува од сеќавањата. Новинарите кои го фотографираа застреланото тело на тригодишниот Серкан, на светската јавност им го покажаa немилосрдното лице на теророт. Лидерот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, по овој масакр, во меморијата на луѓето е врежан како ‘убиец на бебиња’.
Во нападите од страна на ПКК, одземено им е правото на живот на голем број цивили. Убиствата, децата ги направија сирачиња или ги оставија без еден од родителите, жените станаа вдовици, а стотици лица останаа инвалиди. Оние на кои терористите им ги убија децата, во срцата им се насели вечна болка.
- Не се заборава бомбашкиот напад пред училиштето -
Во населбата Јенишехир во градот Дијарбакир на 3 јануари 2008 година во близина на училиштето за подготвителна настава за универзитет, терористите на ПКК изведоа бомбашки напад врз воено возило. Во нападот животот го загубија 7 лица, од кои 6 ученици. Настан кој остана врежан во сеќавањата.
Покрај загинатите ученици кои се подготвуваа за престојниот приемен испит на факултет, во предавничкиот напад беа ранети 73 лица.
- Уништени соништа -
Во истанбулската населба Багџилар, на 8 ноември 2009 година, припадниците на терористичката организација фрлија молотов коктел врз автобус на градскиот превоз. Во нападот тешки изгореници претрпе 17-годишната матурантка Серап Есер која со автобус се враќала кон својот дом. Младата девојка по речиси еден месец борба за живот, почина од здобиените изгореници.
На 16 септември 2010 година, во Хакќари експлодираше мина поставена од страна на сепаратистичките терористи на патот меѓу општина Дуранкаја и селото Гечитли во моментот кога по патот минувал минибус. Во експлозијата животот го загубија 9 лица, меѓу кои едно дете на возраст од 2 години и едно 11-месечно бебе. Во нападот беа повредни 4 лица.
- Отворија оган врз возило со цивили -
На 20 октомври 2011 година цел на нападот на терористите беа шест млади девојки. Возејќи се со своето возило, врз девојките оган отворија терористите на ПКК. Во нападот животот го загубија 4 девојки, додека 2 беа ранети.
На 26 септември 2011 година во градот Батман припадниците на терористичката организација украдоа возило. Не осврнувајќи се на предупредувањето да застанат, тројца терористи отворија оган врз полицајците. Припадниците на терористичката организација се обидоа да избегаат од местото на нападот, отворија оган врз околните возила. Во нападот животот го загубија трудницата Мизгин Дору, мајка на 4 ќерки и нејзината четиригодишна ќерка Султан. Докторите успеале со царски рез да го спасат синот на починатата мајка, но бебето во болница живеело само еден ден. Потешко се повредени таткото и една од ќерките.
На Денот на Репубиката, 29 октомври 2011 година, во градот Бинѓол, една мајка интервенирајќи врз лице-самоубиец, спаси поголема трагедија. Три дена пред Курбан Бајрам, Хатиџе Белгин излегла да пазарува заедно со своите три деца. Таа го забележала бомбашот-самоубиец и скокнала врз него. Таа не можела да ја спречи експлозијата, но жртвувајќи се себеси, успеа да спречи поголема трагедија. Во настанот животот го загубија мајката, нејзиниот син Вејсел и еден цивил, додека 21 лице беа ранети.
- Ги убија децата кои делеа месо за Курбан -
По објавувањето на извештајот на Централниот извршен одбор на ХДП на 6 октомври 2014 година, во настаните кои се случија на 6 и 7 октомври животот го загубија 31 цивил и двајца полицајци, а ранети беа 221 цивил и 139 полицајци. Меѓу загинатите се наоѓаше и 16-годишниот Јасин Бору, кој со својот другар, четвртиот ден од Курбан Бајрам делел курбанско месо на сиромашните.
- Загина, излегувајќи да пазарува -
Во Дијарбакир, на 30 агуст 2015 година загина тринаесетгодишниот Фират Симпил, ученик во шесто одделение, откако припадниците на терористичката организација ПКК активирале бомба поставена на патот по кој се движел.
На 28 септември 2015 година, исто така во Дијарбакир, терористите изведоа напад врз полициско возило со рачен гранатен фрлач. Ракетата погоди куќа, при што животот го загуби деветгодишната Елиф Шимшек.
Во населбата Кизилтепе во градот Мардин, на 12 септември 2015 година, членови на младинската организација на терористичката ПКК, пред една напуштена куќа оставиле ќеса во која имало експлозив. Кога две деца ја земале кесата во раце, дошло до експлозија од која децата биле потешко повредени. Децата се префрлени во болница, но и покрај сите напори, деветгодишниот Тахсин Урал го загубил животот.
- Терористичката организација уби и управител на област -
На 10 ноември 2016 година, терористите изведоа напад со рачно изработен експлозив врз управата на местото Дерик во областа Мардин. Во нападот животот го загуби управителот Мухамед Фатих Сафитурк.
- Напад кој остави сирачиња 36 деца -
Во местотот Генч во областа Бинѓол во камион биле поставени 15 тони експлозив. Вечерта на 12 мај 2017 година камионот бил донесен во селото Јенишехир од страна на терористите на ПКК. Селаните се посомневале, по што настанала расправија. Откако селаните не сакале сомнителниот камион да остане во селото, терористите тргнале кон Дурумлу. Селаните почнале да го следат камионот, а откако терористите го забележале тоа, го активирале експлозивот.
Експлозијата усмрти 16 лица, а 23 беа ранети. Страотната експлозија се слушнала во повеќе околни места. На самото место на експлозијата создаден е кратер со широчина од 20 метри и длабочина од 4 метри. Терористите на ПКК со овој напад без родител оставија 36 деца, а 8 сопруги станаа вдовици.
- Напади кои за цел ги имаа наставниците -
Во местото Козлук во областа Батман на 9 јуни 2017 година, терористите на ПКК извршија вооружен напад врз возилото на градоначалниот Вејси Ишик. Во возилото тешко е ранета наставниката по музичко воспитание Шенај Ајбуке Јалчин (22), која по церемонијата на доделување на сведителствата се враќала во својот дом. Наставничката била префрлена во болница, но и покрај сите напори на медицинскиот пресонал, Јалчин ја загубила борбата со животот.
Терористите на 16 јуни 2017 година отворија оган врз учителот Неџметин Јилмаз кој со своето возило од селото Чифтчибаши во областа Шанлиурфа патувал кон својот роден крај во Ѓумушхане, по што бил киднапиран. На 12 јули 2017 година покрај патот за Пуљумур Чаји пронајден е мртов маж, а ДНК анализата покажа дека станува збор за киднапираниот Јилмаз.
- Убиството на Ерен Буљбуљ -
Терористите, на 11 август 2017 година го убија шеснаесетгодишниот Ерен Буљбуљ кој на безбедносните сили им го покажал скривалиштето на терористите кои постојано краделе храна од неговиот дом.
Додека Ерен им помагал на безбедносните сили да го откријат скривалиштето на терористите, тие извршиле напад во кој загинаа шеснаесетгодишното момче и постар водник на жандармеријата, додека ранет е еден припадник на безбедносните сили.
- Напад врз работниците на градилиште -
На 2 јули 2017 година терористите на ПКК извршија напад врз работници кои работеа на изградбата на патот Ширнак-Ван. Во нападот загина еден работник, а еден беше ранет.
На 3 јули 2017 година терористите на ПКК во местото Ортасу Бејазтепе во подрачјето на Улудере, ги нападнаа работниците кои работеле на изградбата на патот. Во нападот загинале двајца работници, додека четворица се ранети.
- И политичарите цел на напади -
Во местото Јуксекова во областа Хакќари, на 9 март 2017 година изведен е оружен напад врз подрачниот претседател на АК Партијата за регионот Есендере, Тајфун Ајхан и неговиот брат. И покрај сите напори на медицинскиот персонал, Мурат Ајхан почина во болница.
На 15 април 2017 година извршен е оружен напад од страна на терористичката ПКК врз две возила во кои се наоѓал локалниот претседателот на АК Партијата за подрачјето на Мурадије, Ибрахим Ванли. Ванли успеал да се спаси без да биде ранет, но во нападот починал неговот внук кој се наоѓал во второто возило.
На 30 јуни 2017 година во Дијарбакир пред својот дом беше убиен заменик претседателот на АК Партијата на подрачјето на Личе, Орхан Мерџан.
На 1 јули 2017 година во Ван терористите на ПКК го убија заменик претседателот на АК Партијата за подрачјето Озалп, Ајдин Ахи.
На 31 август 2017 година во месноста Јешилјува, Ширнак, пред својот дом од страна на терористите на ПКК убиен е Мехмет Паксој, кој на локалните избори во 2014 година беше кандидат на АК Партијата за градоначалник на општина Улудере.
- Цел на напади беа и претставници на локалната власт -
Терористите на ПКК како цел на своите напади ги земаа и претставниците на локалната власт кои ја извршуваа фунцијата на мост меѓу државните институции и населението.
Во местото Јуксекова во областа Хакќари, на 17 август 2017 година терористите на ПКК го киднапираа претставникот на локалната власт на Кадиќој, Нуретин Алтун, кој подоцна е пронајден мртвов со прострелна рана во главата.
- Дел од крвавите напади на терористичката организација -
Во селото Ортабаг во Ширнак, на 22 јануари 1987 година, терористите на ПКК извршија бомбашки напад за време на свадба. Експлозијата усмрти 8 лица, од кои две деца и четири жени. Еден ден подоцна во местото Мидјат во областа Мардин масакрирани се 10 лица, меѓу нив 5 деца од кои две бебиња, а ранети се 10 лица.
Во селото Ачикјол, во областа Мардин, на 7 март 1987 година терористите на ПКК стрелале 8 лица, од кои 6 деца, продолжувајќи го масакрот во подрачјето.
Терористите во селото Пинарџик, во Мардин, на 20 јуни 1987 извршија напад во кој крволочно убија 30 лица, од кои 16 деца и 6 жени.
Во околината на Хараберк, Мардин, на 8 јули 1987 година терористите на ПКК убија 9 лица од едно семејство, од кои 7 деца и две жени.
Истиот ден, во истите часови, друга група терористи го нападнале селото Печенек, во кое стрелале 16 лица. Терористите на ПКК го нападнале и подрачјето на Чифтекавак во областа Ширнак, каде масакрирале 11 лица. Меѓу убиените се наоѓаат 4 деца и 5 жени, од кои две трудници.
Во селото Јагизојмак во областа Ширнак на 28 март 1988 година терористите убија 9 овчари, давејќи ги. Организацијата тврдеше дека убиените овчари биле чувари на селата. Истата година, терористите го нападнаа и селото Сумер, при што убија тројца учители, а еден ранија.
Сепаратистичката организација ПКК, по 1990 година продолжи да спроведува масакри, без да го издвојува цивилното население од претставниците на безбедносните сили. Во месноста Кованџилар во Елазиг, на 21 март 1990 година терористите го пресекоа патот и стрелаа 9 инженери и еден работник. Истата година на 11 јуни во селото Чевримли, во областа Ширнак, терористите ги нападнаа куќите на локалните безбедносни припадници, убивајќи 27 лица, од кои 12 деца и 7 жени.
Терористите на ПКК на 25 декември 1991 година фрлија молотов коктел врз продавницата на Четинкаја во истанбулката населба Бакирќој. Во пожарот што избувна живот го загубија 11 лица, од кои 7 жени и едно дете.
На 11 јуни 1992 година во месноста Татван во Битлис, терористите стрелаа 13 лица од еден минибус.
Терористичката организација, на 27 јуни 1992 година во селото Јолач, во Дијарбакир, упаднаа во џамија и убија 10 лица. Истата година оваа крвава организација во месноста Хани масакрираше 12 лица, од кои 4 деца и 4 жени, а рани 3 лица.
На 24 мај 1993 година терористите го пресекоа патот Бинѓол-Елазиг, запирајќи го автобусот во кој се наоѓале неуниформирани војници кои патувале во своите единици, безмилосно убивајќи 33 невооружени војници. Во Турција беше прогласен ден на жалоста. Додека не беше стивната тагата по убиените млади војници, на 30 јуни 1993 година, во подрачјето на Хамзабеј во областа Мардин, терористите масакрираа 7 цивили.
На 5 јули 1993 година беше спроведен масакр од страна на терористите во селото Башбаглар во областа Ерзинџан, кој сѐ уште не избледува, иако изминаа речиси 25 години. Во ноќните часови, терористичката организација упадна во селото, стрелајќи 33 лица, по што го запалија селото.
Терористите на ПКК во месноста Маден во Елазиг сопреа патнички автобус и стрелаше 8 лица. Истиот ден, терористите на ПКК ги нападнаа селата Орманџик и Акјурек во областа Мардин и убија 21 лице од кои 11 деца.
Во појасот Дарикент во областа Тунџели, на 11 септември 1994 година терористите стрелаа 6 учители. Еден месец по овој настан, терористите на ПКК киднапираа 5 учители од областа Ерзурум. Терористите на ПКК убија четворица од учителите.
Во селото Хамзали во Дијарбакир, во првиот ден од 1995 година, терористичката организација уби 20 лица, меѓу кои имаше деца, жени и стари лица.
- Во 2000-те години цел на нападите на терористите беа цивилите од градовите -
Крволочната организација, која во руралните предели претрпе големи загуби против безбедносните сили, во 2000-те години се насочи кон центрите на градовите, сакајќи да создаде паника и страв меѓу населението. Организацијата, овојпат во напади во градовите, користеше бомбаши-самоубијци и стапици со бомби, сакајќи да го заплаши цивилното градско население. На 9 јули 1998 година на Египетскиот пазар во Истанбул, кој постојано е преполн со луѓе, терористите на ПКК извршија бомбашки напад. Експлозијата уби 7 лица, а рани 121 лице.
На 22 мај 2007 година во Анкара, во чаршијата Анафарталар изведен е самоубиствен бомбашки напад. Во нападот загинаа 9 лица, а повеќе од 100 се ранети.
Во истанбулската населба Ѓунѓорен, на 27 јули 2008 година ПКК постави две бомби кои експлодираа во временски период од 10 минути. Во експлозијата загинаа 18 лица, од кои 5 деца, а 154 лица беа ранети.
Во населбата Халкали, на 22 јуни 2010 година терористите на ПКК изведоа бомбашки напад врз возило на војската. Во нападот животот го загубија 5 лица, од кои едното лице беше ученик.
Терористите на 20 септември 2011 година во Анкара спроведоа уште еден напад. Во експлозијата што се случи на улицата Кизилај Кумрулар, загинаа 3 лица, додека 34 се ранети.
На 15 декември 2016 година во Дијарбакир извршен е бомбашки напад со возило-бомба врз центарот за контрола на сообраќајот. Во нападот загинаа 5 полицајци и двајца цивили, од кои едно дете.
Во градот Џизре во областа Ширнак, на 26 август 2016 година терористите на ПКК извршија напад врз командата на силите за брза интервенција. Во нападот загинаа 11 полицајци, а ранети се 78 лица, меѓу кои и едно седуммесечно бебе.
Во гратчето Чинар во областа Дијарбакир, на 13 јануари 2016 година терористите изведоа бомбашки напад со возило-бомба врз локалната полициска команда и објектот за домување. Во нападот загина еден полициски службеник и 6 цивили, од кои три деца на возраст од 5 месеци, 5 години и 12 години. Од експлозијата беа ранети 39 лица.
На 13 март 2016 година терористите на ПКК изведоа напад во близина на Кизилај Ѓувенпарк во кој животот го загубија 36 лица. Меѓу ранетите се најде трудницата Сонѓул Јилмаз во шестиот месец на бременост, чие бебе беше најмладата жртва на терористичките напади на ПКК.
На 10 август 2016 година, во месноста Сур во Дијарбакир, терористите на ПКК изведоа бомбашки напад со возило-бомба врз полициско возило. Во нападот загина мајка со две ќерки и две внуки, а ранети беа 12 лица, од кои 5 полицајци.
news_share_descriptionsubscription_contact
